Saturday, October 7, 2017

Есеј за Илијада

              Во литературното дело „Илијада“ од Хомер главна тема е Тројанската војна. Повод за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жената на Менелај од страна на Парис.
              Војната ја започнале ахајските владетели Агамемнон, Диомед, Одисеј, Ахил и Нестор за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради богатството на Троја. Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се Хектор, Парис, Антенор, Енеј, Мемнон и други.
              Во војната биле вклучени и боговите. Тројанците настојувале Ахил да влезе во војната, ама тој несакал да учествува. Но, по смртта на неговиот најдобар пријател Патрокло сакал да се одмазди на Хектор. Затоа го убива Хектор, а мртвото тело го влече низ ѕидините на Троја.
               Бесчуствителноста на Ахил ќе успеат да ја омекнат само татковите молбени зборови на Пријам, да му го врати Хекторовото тело. Ахил ќе се смири, ќе се покае и ќе покаже чест и сочуство кон мртвиот принц.
               Од ова дело можеме да заклучиме дека не гневот, туку простувањето е возвишената човечка особина.

2 comments:

  1. Добро е објаснет и напишан твојот есеј за Илијада. Се е опфатено.

    ReplyDelete
  2. Одличен есеј, ми се допаѓа редоследот на настаните.

    ReplyDelete