Во прилог ја додавам табелата во којашто се внесени податоците од Списокот на настани во делото.
Лектира бр. 8 „Времеплов“
Х. Џ. Велс
Група 1: Марија Сталевска, Андреј Трпевски, Асип Сали
Настан
|
ликови
|
судир/проблем
|
чувства
|
|
Времепловецот
- научник кој ја измислил временската машина.
|
Пријателите
не му веруваат на научникот за временската машина.
|
Времепловецот
се чувствуваше добро.
|
2.
Пријателите не веруваат, но кога притисна на копчето од машината
Времепловецот исчезна од куќата.
|
Научникот
го снемува од куќата со помош на временската машина.
|
Времепловецот
исчезнува од куќата со помош на временската машина.
|
Пријателите
на Времепловецот не се чувствуваа убаво, тие се исплашиjа, кога видoa дека
Времепловецот исчезна.
|
3.
Наредниот четврток, тие повторно се собраа во куќата на
состанок, но Времепловецот не беше таму.
|
Времепловецот
не е во својот дом.
|
На
закажаниот состанок Времепловецот не е присутен.
|
Пријателите
на Времепловецот не се чувствуваа добро, кога видoa дека времепловецот не е
таму.
|
4.
Необичен град со мали нежни суштества Елои, јаделе овошје и
ништо не работеле, туку береле цвеќиња.
|
Елои -
мали и нежни суштества кој се хранат само со овошје.
|
Елои се
нежни суштества кои ништо не работат.
|
Тие се
чувствуваа многу добро затоа што ништо не работеа.
|
5.
Во тој свет, покрај Елоите, под земјата живеат и Морлоците, кои
се грди и лоши, личат на мајмуни и се хранат со Елоите.
|
Морлоците
- лоши и грди суштества.
|
Морлоците
се лоши суштества кои се хранат со Елоите.
|
Морлоците
се чувствуваат многу добро бидејќи се хранат со Елоите.
|
6.
Времепловецот спасува една девојка по име Вина.
|
Времепловецот
е храбра личност.
|
Времепловецот
ја спасува девојката Вина која се давеше во реката.
|
Времепловецот
се чувствува добро бидејќи ја спасува девојката Вина.
|
7.
Вина станува соработничка на Времепловецот во борбата да ја
врати временската машина од Морлоците.
|
Вина
убава девојка која се вљубува во Времепловецот и се здружува со него во
борбата за врменската машина.
|
Вина и
научникот заедно се борат за временската машина.
|
Вина се
чувствува добро, бидејќи стана соработничка со времепловецот.
|
8.
Морлоците започнуваат опсада на Елоите. Единствено оружје на
Времепловецот е ќибритот. Вина е исплашена од светлината.
|
Вина е
исплашена од светлината.
|
Морлоците
се во опсада на Елоите.
|
Морлоците
се чувствуваат добро, бидејќи започнуваат опсада на Елоите, Елоите не се
чувствуваат убаво исто така и Времепловецот и Вина не се чувствуваат
убаво.
|
9.
Морлоците се исплашени од светлината. Во пожарот Вина го загуби
животот.
|
Морлоците
се исплашени од светлината.
|
Вина
умира во пожарот.
|
Морлоците
не се чувствуваат убаво, бидејќи се исплашени од светлината, за жал Вина го
загуби животот.
|
10.
Времепловецот во последен миг успеа да дојде до временската
машина и да им избега на Морлоците, но тој е разочаран поради смртта на Вина.
|
Времепловецот
е среќен затоа што ја спасил временската машина, но во исто време и тажен
поради загубата на убавата девојка Вина.
|
Времепловецот
бега од Морлоците, но тој е разочаран поради смртта на Вина.
|
Времепловецот
им избега на морлоците во последен миг, но тој не се чувствуваше убаво поради
смртта на Вина.
|
11.
Пријателите сеуште не му веруваат на научникот, но тој има
доказ- два бели цвета кои му ги подарила Вина.
|
Пријателите
сеуште не му веруваат на научникот. Времепловецот може да им докаже дека
патувањето низ времето е вистинито.
|
Пријателите
не веруваат на она што го раскажа Времеполовецот.
|
Пријателите
не му веруваат на научникот, но тој се чувствува убаво, бидејќи има доказ.
|
12.
Еден од пријателите повторно го посети научникот. Влегоа во
лабораторијата, научникот ја допре машината и исчезна заедно со неа. Тогаш
пријателот поверува и реши да го чека научникот да се врати.
|
Пријателот
на научникот конечно му поверува за приказната која им ја раскажа.
|
Најпосле
еден од пријателите виде како научникот исчезнува од куќата и му поверува.
|
Еден од
пријателите повторно го посети научникот, влегоа во лабораторијата, научникот
ја допре машината и исчезна заедно со неа.Тогаш пријателот се исплаши и реши
да го чека научникот да се врати.
|
Според сработеното се гледа дека секој член се потрудил успешно да ја изврши работата. Одлична ви е задачата и била тимски сработена.
ReplyDeleteОд наведените податоци јас дефинитивно можам да дојдам до заклучок дека ти си била одличен соработник во оваа колаборативна задача. Сметам дека успешно ја заврши својата задача. -Михаела Величковска
ReplyDelete