Tuesday, May 8, 2018

„Антигона“-Софокле

             Во драмското дело Антигона од Софокле главната тема е пожртвуваноста на Антигона за одбрана на честа на нејзиниот брат и семејството. Оваа драма претставува трагедија во која настаните се одвиваат во Теба.
            Антигона е ликот врз кој е пренесен сиот грев на нејзината мајка и татко. Таа била ќерка на мајка и син и затоа не можела да има среќна судбина. Нејзините браќа кои војувале еден против друг се убиени, а едниот од нив се смета за предавник. Поради тоа царот Креон не дозволува предавникот да биде закопан, додека пак другиот свечено да е закопан. Антигона е чесна и достоинствена и не може да дозволи така да го третираат мртвото тело на нејзиниот брат. Таа е една од најхрабрите и пожртвуваните личности во ова дело, која го ризикува својот живот, за да го погреба својот брат и покрај забраната од кралот. За жал, таа се наоѓала во општество каде мора да се слуша зборот на Креон, а доколку не се послуша се добива казна. И покрај тоа што Антигона е свршеница на синот на Креон, Хемон, тој повторно ја казнил за нејзиното дело. Веќе било предоцна кога Хемон успеал да го убеди Креон да ја ослободи Антигона.
              Преку ликот на Антигона можеме да видиме колку таа била пожртвувана за своето семејство, ставајќи го во оган својот живот.  

Tuesday, March 27, 2018

Дали е добро да си мрзелив?

            Мрзеливоста не е добра за нас. Таа не спречува во многу работи. Исто така луѓето коишто се мрзеливи се без енергија и необразовани, како и тоа што тие немаат цел во животот.
Со следниве неколку причини можеме да заклучиме зошто не е добро да си мрзелив.
             Мрзеливоста предизвикува здодевност преку денот. Тоа може да се докаже со фактот дека секој мрзелив човек се излежува дома пред телевизор. Постојано ти е досадно, бидејќи нема работа што сакаш да ја работиш, а со тоа немаш ни пари.
             Покрај тоа што не работиш, не јадеш ни здрава храна. Не сакаш да подготвиш храна, бидејќи си мрзелив и постојано јадеш брза храна.
             Исто така, воопшто не се помрднуваш од кревет, дури и да појдеш по чаша вода во кујната за тебе претставува предизвик. Тоа постојано лежење во кревет може да се види и по нередот во твојот дом. Следен факт кој може да го докаже ова мислење е тоа дека немаш физичка активност и со тоа се здебелуваш.
             Со сите овие факти може да заклучиме дека мрзеливоста не е корисна за нас и треба да ја исфрлиме од нашиот живот.
                        

Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


            Психолошката драма на А.П.Чехов позната како „Вујко Вања“ е напишана во 1897 година. Во оваа драма се зборува за едно руско семејство кое живее во вилата на професорот Серебрјаков.
Тој е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Елена е рамнодушна  и незаинтересирана личност, може да се каже дека во некоја смисла е и пасивна. Таа нема никакви должности и води празен живот. Во оваа драма главна личност за остварување на љубовниот заплет е Соња, која е премногу вљубена во Астров, но таа љубов не и е возвратена. Соња е многу морална и вредна личност. Вујко Вања познат и како Војницки е многу разочаран од залудно потрошениот живот. Тој сметал дека не направил ништо корисно во својот живот. Наспроти Вујко Вања тука е Серебрјаков кој е самобендисан, но може да се каже и дека се мрази себеси. Тој е несреќен и во некоја смисла болен, бидејќи живеел како да е во минатото. Во фамилијата има сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вујко Вања се жали на односот на професорот кон членовите на семејството како и неговата дрскост. Исто така, Серебрјаков планирал и да ја продаде селската куќа, со што би донел незадоволство кај најблиските. Поради тоа, Вујко Вања ќе успее со пиштол да го исплаши професорот, што резултира со негово заминување од куќата заедно со Елена.

 Низ делото Чехов ни го пренесува тажното расположение од сите случувања, кое ја наподолнува атмосферата на беделничење и напразно потрошен живот.

Monday, February 12, 2018

,,Прва љубов-Иван С.Тургењев

Фабула          

             Ова дело започнува со средбата на домаќинот, со Сергеј Николаевич и Владимир Петрович и нивниот разговор за првата љубов.
             Сергеј и домаќинот ги раскажале своите приказни, па така дошло ред и на Владимир. Неговата била малку комплицирана и барала време да се раскаже. Тој одлучил сето тоа да го раскаже на парче хартија. 
             На таа хартија е опишана неговата љубов кон 21-годишната сосетка Зинаида, која за жал не е возвратена. Додека пак, таа се заљубува во таткото на Владимир, Петар.
  

Сценарио 

       (Владимир среќава младо и убаво девочје во кое се вљубува. Тој како и секоја вечер, отишол во градот со пушката да ги убива грабливите птици кон кои чувствувал голема омраза. Одејќи накај паркот Владимир слушнал некои гласови. На неколку чекори пред него била убава и млада девојка, со црвеникав фустан. Тој останал така зачуден, бидејќи не можел да им верува на своите очи. Пред девојката биле наредени редица момчиња, кои таа ги удирала по чело. Од другата страна на оградата пред Бладимир стоел лекарот Лушин (тогаш непознат човек за Владимир) кој речиси го преплашил. Пушката му паднала во треватаи бил целиот пребледен)
           Лекарот Лушин: Момче? Што си се загледал така во туѓи госпоѓици? Нели е срамота на твоите години?
           Владимир: Ама јас... (Не ја доврши реченицата, туку само побегна од местото гледајќи го страшниот лик на човекот што беше пред него)
           (Така бегајќи Владимир стигнал во својот дома, каде што успеал малку да се прибере и да ја врати бојата на лицето. Но, веднаш потоа се сретнува со прашања од неговиот татко)

            Петар (Таткото на Владимир): Што е со тебе, Владимир? Уби некоја од твоите врани? (Го праша татко му, приметувајќи дека нешто не е во ред со Владимир) 
            (Беше подготвен да му раскаже се и така да му е полесно, но незнаел ни што лошо воопшто направил. Со оваа помисла тој легнал во својот кревет и заспал.)
 
           

 

Tuesday, January 2, 2018

„Галебот Џонатан Ливингстон“ - Ричард Бах



            Џонатан е различен галеб од останатите во Јатото. За повеќето најважно е да се најадат, за Џонатан, тоа не е доволно. Одлучен е да научи совршено да лета. Бунтовник кој има цел во животот. Место едноставно летање за храна, тој има поразлично сфаќање за животот. 
            Притисокот од Јатото и советите на татка си за кратко го замислуваат да започне да се однесува како другите, но неговиот свет е летањето, освојувањето на далечните, експериментирањето во височините. Неуспесите не го обесхрабруваат, туку го поттикнуваат повеќе.
            Пред Советот, светот на Џонатан е поразен. Старешините на Јатото го протеруваат поради неодговорно и срамно однесување. Неговите постапки се прогласени како прекршување на честа и традицијата во фамилијата на галебите. Казнет е со осаменички живот далеку од Јатото.
            Протераниот Џонатан не се откажува од својот сон. Желбата е уште поцврста, да се достигне совршенството, да се совлада летањето, да се биде слободен. За Џонатан многу работи се менуваат по запознавањето со старешината Ганг, мудар учител, кој објаснува дека не постои Рајот. Тој не е ниту место, ниту време. Рајот е достигнување совршенство.  Деновите со учителот се одбројани. Продолжи да работиш на љубовта, се последните негови зборови упатени кон Џонатан.
            Галебот го напушта новиот свет, се враќа во Јатото и ја прекршува заповедта стара десетици илјади години. Џонатан засекогаш го напушта тој свет, оставајќи го Флечер како нов учител да ги подучува младите галеби на патот кон остварување на слободата и совршеноста.
            Понекогаш  поради различноста некој може да биде отфрлен. Но, и покрај тоа не треба да се откаже од своите соништа. Онoј кој лета највисоко, гледа најдалеку.

Thursday, December 21, 2017

„Бескрајна приказна“-Михаил Енде

            Делото „Бескрајна приказна“ започнува со појавата на Бастијан Балтазар Бак- десетгодишно осамено и тажно дете кое сите го омаловажуваат и кое нема мајка. Тој никаде не бил успешен, ниту имал убави оцени, ниту бил добар во спорт. Но, Бастијан многу сакал да чита книги. Настаните во ова дело се случуваат во ХХ век во Земјата Фантазија.
            Еден ден тој бегајќи од група на деца по дождот, влегол во една книжарница каде продавачот се однесувал многу лошо со него. Продавачот читал некоја книга која сметал дека е „несоодветна за деца“, па Бастијан по краток разговор со него, ја украл. Откако ја земал книгата, не сакал да оди дома, па отишол на таванот во училиштето и почнал да ја чита.
            Во книгата која ја чита Бастијан, се сретнува јунакот Атреј, кој имал задача да ја спаси Детската Кралица од Ништото. Бастијан се повеќе се внесува во книгата, што во еден момент доаѓа до судир меѓу Атреј од книгата и Бастијан од реалниот живот.
            Атреј влегол во една пештера, каде се сретнал со страшниот волк Морг, кој исто така е дел од Ништото и сакал да ја уништи Фантазија. Тогаш, тој дознава дека Фантазија може да се уништи доколку Бастијан на Детската Кралица не и даде ново име.
             Поради тоа Детската Кралица го замолилa да и даде ново име, пред да биде предоцна и да ја снема Фантазија. Тој исплашен излегол на прозорецот и извикал: „Дете на Месечината''. Со тоа и дал ново име на Детската Кралица и ја спасил Фантазија.

Saturday, November 25, 2017

„Шагринска кожа“- Оноре де Балзак



                Во делото „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак главен лик, но и јунак е Рафаел де Валентин. Настаните се случуваат во XIX век во Париз, Франција.
                Ликот на Рафаел е динамичен, бидејќи тој носел решителни одлуки и секогаш одел кон целта. Сметам дека, доколку тој би бил личност би немал многу средства за живеење, но има преголеми желби. Тоа можеме да го заклучиме од неговиот обид за самоубиство, но и кога ја пронашол шагринската кожа која ја потрошил до крај. Рафаел живеел во француското општество со многу бурни револуционерни случувања. Денес имаме современо општество и повеќе нема такви бурни револуционерни случувања. Другите ликови го гледаат Рафаел како малку себичен лик, кој сака да ги задоволи само своите потреби. Тој е свесен за тоа како го гледаат другите ликови, но не толку свесен и за неговите постапки. Рафаел го гледал светот како место што треба да има многу задоволства, но и свет во кој тој останува без средства за живеење. Овој поглед на Рафаел кон светот е реалистичен. Сметам дека и во реалниот живот некој би се однесувал како него. Ликот на Рафаел е комплексен, бидејќи тој во текот на неговиот живот постојано се надградувал себеси.
                Со овој целосен опис на ликот можеме да заклучиме дека Рафаел не се грижел многу за тоа што ќе се случи по неговите одлуки.