Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


            Психолошката драма на А.П.Чехов позната како „Вујко Вања“ е напишана во 1897 година. Во оваа драма се зборува за едно руско семејство кое живее во вилата на професорот Серебрјаков.
Тој е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Елена е рамнодушна  и незаинтересирана личност, може да се каже дека во некоја смисла е и пасивна. Таа нема никакви должности и води празен живот. Во оваа драма главна личност за остварување на љубовниот заплет е Соња, која е премногу вљубена во Астров, но таа љубов не и е возвратена. Соња е многу морална и вредна личност. Вујко Вања познат и како Војницки е многу разочаран од залудно потрошениот живот. Тој сметал дека не направил ништо корисно во својот живот. Наспроти Вујко Вања тука е Серебрјаков кој е самобендисан, но може да се каже и дека се мрази себеси. Тој е несреќен и во некоја смисла болен, бидејќи живеел како да е во минатото. Во фамилијата има сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вујко Вања се жали на односот на професорот кон членовите на семејството како и неговата дрскост. Исто така, Серебрјаков планирал и да ја продаде селската куќа, со што би донел незадоволство кај најблиските. Поради тоа, Вујко Вања ќе успее со пиштол да го исплаши професорот, што резултира со негово заминување од куќата заедно со Елена.

 Низ делото Чехов ни го пренесува тажното расположение од сите случувања, кое ја наподолнува атмосферата на беделничење и напразно потрошен живот.

No comments:

Post a Comment