Tuesday, March 27, 2018

Дали е добро да си мрзелив?

            Мрзеливоста не е добра за нас. Таа не спречува во многу работи. Исто така луѓето коишто се мрзеливи се без енергија и необразовани, како и тоа што тие немаат цел во животот.
Со следниве неколку причини можеме да заклучиме зошто не е добро да си мрзелив.
             Мрзеливоста предизвикува здодевност преку денот. Тоа може да се докаже со фактот дека секој мрзелив човек се излежува дома пред телевизор. Постојано ти е досадно, бидејќи нема работа што сакаш да ја работиш, а со тоа немаш ни пари.
             Покрај тоа што не работиш, не јадеш ни здрава храна. Не сакаш да подготвиш храна, бидејќи си мрзелив и постојано јадеш брза храна.
             Исто така, воопшто не се помрднуваш од кревет, дури и да појдеш по чаша вода во кујната за тебе претставува предизвик. Тоа постојано лежење во кревет може да се види и по нередот во твојот дом. Следен факт кој може да го докаже ова мислење е тоа дека немаш физичка активност и со тоа се здебелуваш.
             Со сите овие факти може да заклучиме дека мрзеливоста не е корисна за нас и треба да ја исфрлиме од нашиот живот.
                        

Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


            Психолошката драма на А.П.Чехов позната како „Вујко Вања“ е напишана во 1897 година. Во оваа драма се зборува за едно руско семејство кое живее во вилата на професорот Серебрјаков.
Тој е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Елена е рамнодушна  и незаинтересирана личност, може да се каже дека во некоја смисла е и пасивна. Таа нема никакви должности и води празен живот. Во оваа драма главна личност за остварување на љубовниот заплет е Соња, која е премногу вљубена во Астров, но таа љубов не и е возвратена. Соња е многу морална и вредна личност. Вујко Вања познат и како Војницки е многу разочаран од залудно потрошениот живот. Тој сметал дека не направил ништо корисно во својот живот. Наспроти Вујко Вања тука е Серебрјаков кој е самобендисан, но може да се каже и дека се мрази себеси. Тој е несреќен и во некоја смисла болен, бидејќи живеел како да е во минатото. Во фамилијата има сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вујко Вања се жали на односот на професорот кон членовите на семејството како и неговата дрскост. Исто така, Серебрјаков планирал и да ја продаде селската куќа, со што би донел незадоволство кај најблиските. Поради тоа, Вујко Вања ќе успее со пиштол да го исплаши професорот, што резултира со негово заминување од куќата заедно со Елена.

 Низ делото Чехов ни го пренесува тажното расположение од сите случувања, кое ја наподолнува атмосферата на беделничење и напразно потрошен живот.