Sunday, February 26, 2017

Колаборативна работа - Обработка на делото ,,Времеплов'' од Х.Џ. Велс

                  Во врска со лектирата „Времеплов“ од Х.Џ. Велс минатата недела добивме задача од страна на наставничката по македонски јазик да направиме табела за Список на настани од делото, поделени на три дела: ликови, судири (проблеми) и чувства. Групите беа составени од по тројца членови кои имаа различни задолженија. Јас бев лидер на групата, во која беа вклучени и соучениците: Асип Сали и Андреј Трпевски. Мојата задача беше да ги обработам настаните и судирите (проблемите) во лектирата. Сите во групата работевме тимски, секој одговорно ја изработи својата задача. Оценувам дека мојата задача беше успешно извршена. Се надевам дека и на другите ќе им се допадне тоа што го сработивме и ќе споделат коментари.
                 Во прилог ја додавам табелата во којашто се внесени податоците од Списокот на настани во делото.

Лектира бр. 8                                   „Времеплов“
                                                             Х. Џ. Велс

Група 1: Марија Сталевска, Андреј Трпевски, Асип Сали


Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Времепловецот ги повикува своите пријатели за да им раскаже за временска машина со која може да се патува низ времето.
Времепловецот - научник кој ја измислил временската машина.
Пријателите не му веруваат на научникот за временската машина.
Времепловецот се чувствуваше добро.
2.            Пријателите не веруваат, но кога притисна на копчето од машината Времепловецот исчезна од куќата.
Научникот го снемува од куќата со помош на временската машина.
Времепловецот исчезнува од куќата со помош на временската машина.
Пријателите на Времепловецот не се чувствуваа убаво, тие се исплашиjа, кога видoa дека Времепловецот исчезна.
3.            Наредниот четврток, тие повторно се собраа во куќата на состанок, но Времепловецот не беше таму.
Времепловецот не е во својот дом.
На закажаниот состанок Времепловецот не е присутен.
Пријателите на Времепловецот не се чувствуваа добро, кога видoa дека времепловецот не е таму.
4.            Необичен град со мали нежни суштества Елои, јаделе овошје и ништо не работеле, туку береле цвеќиња.
Елои - мали и нежни суштества кој се хранат само со овошје.
Елои се нежни суштества кои ништо не работат.
Тие се чувствуваа многу добро затоа што ништо не работеа.
5.            Во тој свет, покрај Елоите, под земјата живеат и Морлоците, кои се грди и лоши, личат на мајмуни и се хранат со Елоите.
Морлоците - лоши и грди суштества.
Морлоците се лоши суштества кои се хранат со Елоите.
Морлоците се чувствуваат многу добро бидејќи се хранат со Елоите.
6.            Времепловецот спасува една девојка по име Вина.    
Времепловецот е храбра личност.
Времепловецот ја спасува девојката Вина која се давеше во реката.
Времепловецот се чувствува добро бидејќи ја спасува девојката Вина.
7.            Вина станува соработничка на Времепловецот во борбата да ја врати временската машина од Морлоците.
Вина убава девојка која се вљубува во Времепловецот и се здружува со него во борбата за врменската машина.
Вина и научникот заедно се борат за временската машина.
Вина се чувствува добро, бидејќи стана соработничка со времепловецот.
8.            Морлоците започнуваат опсада на Елоите. Единствено оружје на Времепловецот е ќибритот. Вина е исплашена од светлината.
Вина е исплашена од светлината.
Морлоците се во опсада на Елоите.
Морлоците се чувствуваат добро, бидејќи започнуваат опсада на Елоите, Елоите не се чувствуваат убаво исто така  и Времепловецот и Вина не се чувствуваат убаво.
9.            Морлоците се исплашени од светлината. Во пожарот Вина го загуби животот.
Морлоците се исплашени од светлината.
Вина умира во пожарот.
Морлоците не се чувствуваат убаво, бидејќи се исплашени од светлината, за жал Вина го загуби животот.
10.          Времепловецот во последен миг успеа да дојде до временската машина и да им избега на Морлоците, но тој е разочаран поради смртта на Вина.
Времепловецот е среќен затоа што ја спасил временската машина, но во исто време и тажен поради загубата на убавата девојка Вина.
Времепловецот бега од Морлоците, но тој е разочаран поради смртта на Вина.
Времепловецот им избега на морлоците во последен миг, но тој не се чувствуваше убаво поради смртта на Вина.
11.          Пријателите сеуште не му веруваат на научникот, но тој има доказ- два бели цвета кои му ги подарила Вина.
Пријателите сеуште не му веруваат на научникот. Времепловецот може да им докаже дека патувањето низ времето е вистинито.
Пријателите не веруваат на она што го раскажа Времеполовецот.
Пријателите не му веруваат на научникот, но тој се чувствува убаво, бидејќи има доказ.
12.          Еден од пријателите повторно го посети научникот. Влегоа во лабораторијата, научникот ја допре машината и исчезна заедно со неа. Тогаш пријателот поверува и реши да го чека научникот да се врати.
Пријателот на научникот конечно му поверува за приказната која им ја раскажа.
Најпосле еден од пријателите виде како научникот исчезнува од куќата и му поверува.
Еден од пријателите повторно го посети научникот, влегоа во лабораторијата, научникот ја допре машината и исчезна заедно со неа.Тогаш пријателот се исплаши и реши да го чека научникот да се врати.
 

Thursday, February 9, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за мојата генерација?



            „Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран.“ Откако постои човештвото постојат и стремежот и желбата за поубави услови и можности за живеење и комуникација. Со текот на времето напредува и развојот на технологијата, кој е битен елемент во современиот живот.
            Времето во коешто денес живее мојата генерација нуди многу поволности. Во поглед на образованието се нуди современо образование со примена на електоронската технологија во наставата. Учениците имаат можност самите да истражуваат на интернет, да наоѓаат материјали, кои се пообемни во споредба со оние што се нудат во учебниците. Истите да ги селектираат и да учат да градат сопствено мислење кон одредени прашања и теми од различни области.
            Но, не само од аспект на образование, на младите им се нудат и поубави услови за живеење. Тие живеат во топли домови, опремени со современи апарати кои го олеснуваат начинот на функционирање. Наспроти тоа младите генерации во минатото имале ограничени можности, се затоплувала само просторијата во којашто се седело, имале радио, а помал број на семејства телевизор и телефон. Освен тоа денес младите имаат можност за користење на превозни средства за секоја дестинација. Можат да посетат најразлични манифестации, да членуваат во спортски клубови, како и во културно-уметнички друштва.
            Динамичниот начин на живеење има и своја негативна страна. Родителите во потрага по обезбедување поубав живот за своите деца најчесто и немаат слободно време да им се посветат на нив. Некои од децата го злоупотребуваат тоа и почнуваат да се занимаваат со нешта, кои на почетокот изгледаат интересни, а понатаму стануваат зависници од социјалните мрежи. Со тоа се нарушува нормалниот однос на комуникација.
            Сѐвкупно може да се каже дека мојата генерација живее во едно време кое од една страна нуди можности за удобен живот. Современата технологија ни овозможува и личен напредок. Од друга страна денешново време прави оттуѓување на човек од човека. Понекогаш  вистинските пријатели и дружења се заменуваат со виртуелни и опасности не демнат од секаде.