Tuesday, May 8, 2018

„Антигона“-Софокле

             Во драмското дело Антигона од Софокле главната тема е пожртвуваноста на Антигона за одбрана на честа на нејзиниот брат и семејството. Оваа драма претставува трагедија во која настаните се одвиваат во Теба.
            Антигона е ликот врз кој е пренесен сиот грев на нејзината мајка и татко. Таа била ќерка на мајка и син и затоа не можела да има среќна судбина. Нејзините браќа кои војувале еден против друг се убиени, а едниот од нив се смета за предавник. Поради тоа царот Креон не дозволува предавникот да биде закопан, додека пак другиот свечено да е закопан. Антигона е чесна и достоинствена и не може да дозволи така да го третираат мртвото тело на нејзиниот брат. Таа е една од најхрабрите и пожртвуваните личности во ова дело, која го ризикува својот живот, за да го погреба својот брат и покрај забраната од кралот. За жал, таа се наоѓала во општество каде мора да се слуша зборот на Креон, а доколку не се послуша се добива казна. И покрај тоа што Антигона е свршеница на синот на Креон, Хемон, тој повторно ја казнил за нејзиното дело. Веќе било предоцна кога Хемон успеал да го убеди Креон да ја ослободи Антигона.
              Преку ликот на Антигона можеме да видиме колку таа била пожртвувана за своето семејство, ставајќи го во оган својот живот.