Friday, March 24, 2017

Презентација- Биографија на Блаже Конески

                      На часот по македонски јазик бевме поделени во 7 групи од 3 ученика. Требаше да направиме презентација за некоја славна личност. Јас бев во група со Јана Гиевска и Илона Шавреска, каде јас бев лидер. Нашата задача беше да изработиме презентација за биографија на Блаже Конески, презентацијата ја изработивме во Google Slides. Сите во групата работевме вредно и подеднакво. Информациите ги баравме заедно и сите давававме различни идеи.
                      Според мене презентацијата беше успешна, а тоа го докажаа и нашите освоени поени. Единствено нешто кое во иднина ќе се потрудиме да го поправиме е да ги освоиме сите поени за времетраењето на презентацијата. Колку повеќе се трудиме, толку повеќе успеси ќе имаме.